Домашната селекција на Мароко ја оправда улогата на фаворит против Комори и со 2-0 победи на отворањето на Африканскиот куп на нации.
Мароканците како многу поквалитетен состав, а и домаќини на натпреварувањето важеа за огромен фаворит против Комори, ја остварија целта, но противникот не ја продаде лесно кожата.
Мароко имаше голема шанса да поведе рано во натпреварот, но Рахими не реализираше удар од белата точка.
Отпорот на Комори траеше до 55. минута кога конечно Брахим Дијаз даде гол за водство на Мароко од 1-0.
Конечните 2-0 ги постави Ел Каби на 15 минути до крајот на натпреварот со неверојатен погодок со ножички.