Мароко е во полуфинале, Дијаз не може да престане да погодува!

by riste
0 минути читање

Мароко е вториот полуфиналист на Африканскиот куп на нации откако со 2-0 го совлада Камерун, Брахим Дијаз повторно постигна гол.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз одигра уште еден одличен меч и даде гол во победата на Мароко.

Со негов погодок во 26. минута Мароканците поведоа со 1-0. Тоа беше резултатот од првото полувреме.

Во вториот дел гол даде и Саибари, тој погоди во 74. минута и ги постави конечните 2-0 за Мароко.

Во полуфиналето Мароко ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Алжир и Нигерија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×