Мароканците ја поздравија одлуката да им се додели титулата на АКН

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот сојуз на Мароко ја поздрави одлуката титулата од Африканскиот куп на нации за 2025 година да му биде доделена, откако претходно му беше одземена на Сенегал.

Ја поздравуваме оваа одлука, која го потврдува приматот на натпреварувачките правила. Од самиот почеток нашиот став беше јасен, строга примена на правилата, а во целиот процес делувавме согласно сите правни рамки за да ги заштитиме нашите права и интегритетот на натпреварувањето“, соопштија од мароканската федерација.

Апелациониот одбор на Африканската фудбалска конфедерација го поништи финалето од 18 јануари и трофејот му го додели на Мароко. Првично, Сенегал славеше со 1:0 по продолженија, во меч обележан со 14-минутен прекин поради протест за досуден пенал за Мароко, кој Брахим Дијас не го реализираше, а победничкиот гол го постигна Пап Геј.

Сенегал најави нова жалба до Судот за спортска арбитража, а нивната влада побара независна истрага поради сомнежи за корупција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×