Мароканците во Рабат синоќа беа пречекани како тие да го освоиле Светското првенство, а кралот Мохамед шести им организираше прием и им додели ордени за херојскиот настап.
Од поодамна се знае дека главната мароканска ѕвезда, Хаким Зијеш парите кои ги добива играјќи фудбал за својата земја, ги донира на сиромашни, за себе нема земено ниту евро.
Сега сите фудбалери на Мароко се согласиле парите кои треба да ги добијат, да ги доделат на сиромашни. Станува збор за сума од 277.000 долари награда колку што им следува на фудбалерите од 25. милиони долари што федерацијата ги добива од ФИФА за четвртото место на Мундијалот во Катар.
„Секако дека ќе ги донирам парите. На сиромашните им се потребни, јас не избрав да играм за Мароко за пари, туку од срце“, рече Зијеш.
The entire Moroccan team decided to donate ALL of their World Cup earnings to poor children and families in Morocco. A team of the people. pic.twitter.com/zyJgEAwhVm
— Khaled Beydoun (@KhaledBeydoun) December 19, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.