25
Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето од ФА Купот откако со 3-1 победи на гостувањето кај Њукасл, Омар Мармуш е центарот на вниманието.
Овој фудбалер досега има дадено 14 голови за Манчестер Сити, а дури половина од нив, односно седум се против Њукасл.
Сити не почна добро, Њукасл со гол на Барнс во 18. минута поведе со 1-0.
На пет минути до крајот на првиот дел Савињо изедначи на 1-1. Тоа беше резултатот од првиот дел.
По две минути игра во второто полувреме Мармуш реализира за комплетен пресврт и водство на Сити од 2-1.
Конечните 3-1 Мармуш со својот втор гол на мечот ги постави во 65. минута.