Маркоски: Не се предаваме со Торпедо, да го заборавиме резултатот и да се докажеме

by 24 фудбал
1 минути читање

Работнички загуби убедливо со 3-0 од Торпедо Белаз во првиот натпревар на стартот на квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Тренерот Бојан Маркоски на прес-конференцијата пред реваншот во Скопје ги сподеи своите очекувања. Тој нагласи дека неговиот тим нема да размислува на резултатот, туку ќе излезе на теренот за да игра фудбал.

Нѐ очекува реванш против Торпедо-Белаз, сега имаме комплетна слика за ривалот, а се надеваме дека ние ќе одиграме многу подобро отколку на првиот меч. Нема да размислуваме за резултатот, не заслуживме таков пораз, ќе се фокусираме на играта и ќе се трудиме да бидеме многу поконкретни. Верувам дека тимот ќе биде на потребното ниво и апсолутно не се предаваме, има уште 90 минути во кои Работнички има што да покаже, со мотив да ја анулираме негативата“, изјави Маркоски.

Освен Маркоски, пред јавноста зборуваше и капитенот на тимот Бесир Демири, кој кажа:

Знаеме дека мораме подобро од првиот меч во Унгарија. Торпедо-Белаз е квалитетен тим, но мислам дека ние можеме да одиграме многу подобро отколку првиот меч. Ако ги сведеме нашите грешки на минимум, и ако ги исполниме во целост тактичките замисли на стручниот штаб, можеме да се надеваме на многу подобар резултат“.

Работнички и Торпедо ќе се судрат на нашиот најголем стадион „Тодор Проески“ в четврток во 18:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×