Хал можеше да
направи значаен чекор кон опстанок во Премиерлигата со победа на веќе
испаднатиот Сандерленд.
Домаќините имаа
неколку добри шанси да стигнат до воство но голманот Пикфорд уште еднаш покажа
зошто е на мета на големите клубови и не дозволи неговата мрежа да биде
затресена.
Кога веќе Хал не
можеше да постигне гол, на спротивната страна Џонс ги шокираше домаќините во
69. минута, а Дефо во судиското надполнување го замолкна Кингстоун стадионот.
Со оваа победа,
„Црните Мачки“ му го нанесоа првиот мораз на Маркос Силва на домашен терен по
три години.
Предводникот на
Хал последен пат загуби првенствен натпревар пред своите фанови во март 2014
кога беше на клупата на Ешторил.
Шампионот Лестер
со 3-0 славеше над Ватфорд, а Манчестер Сити го испрати Кристал Палас со
„петарда во мрежата“.
Борнмут и Стоук
одиграа возбудливо реми од 2-2, а ист беше резултатот и на средбата помеѓу
Барнли и ВБА.