Марко Асенсио израмни негативен рекорд во Премиер лигата

by 24 фудбал
1 минути читање

Шпанскиот фудбалер Марко Асенсио запиша негативен рекорд во Премиер лигата.

Неговата Астон Вила победи на гостувањето на „Сент Мери“ кај Саутемптон со 0-3, а Асенсио имаше двапати шанса да ја зголеми предноста. Сепак, Шпанецот не реализира два пенали на овој натпревар бидејќи голманот Арон Ремсдејл му ги одбрани двата удари.

Со тоа Асенсио стана само четврти фудбалер во Премиер лигата кој промашил два пенали на еден натпревар.

Понекогаш вакви работи се случуваат, најважно е да продолжам да се трудам. Среќен сум за трите освоени бода на гости. Благодарност до навивачите за поддршката“, кажа Асенсио по мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани