231
Марко Арнаутовиќ испиша историја во Лигата на Европа. Напаѓачот на Црвена звезда постигна гол во ремито против Селтик (1-1) во Белград, што беше негов прв погодок во ова натпреварување по повеќе од 16 години.
Арнаутовиќ последен пат се запиша во листата на стрелци во февруари 2009 година како 19-годишник во дресот на Твенте против Марсеј во Купот на УЕФА. Сега, 16 години и 217 дена подоцна, повторно најде пат до мрежата и влезе во историјата како играч со најголем временски јаз меѓу два постигнати гола во Лига Европа.
Искусниот напаѓач покажа дека и на 35 години може да биде клучен за белградскиот тим, кој во првото коло од групната фаза одигра нерешено против шкотскиот шампион.