Клаудио Маркизио
неодамна се врати дома, односно во Торино заедно со семејството откако заврши
со обврските кои ги имаше кон руски Зенит.
Поранешниот
долгогодишен член на Јувентус доживеал вистинска драма синоќа со својата
сопруга откако четири маскирани лица влегле во неговиот дом и им впериле пиштол
нему и неговата сопруга, тие барале да се отвори сефот, а потоа си заминале со
накит, пари и часовници.
Подетални
информации околу грабежот во домот на Маркизио нема, меѓутоа се претпоставува
дека станува збор за голема штета од финансиска гледна точка за него, тој се
одзва на социјалните мрежи и даде свој коментар за тоа што му се случи во текот
на ноќта,
„Доколку влезете
во нечиј дом за да крадете, вие сте криминалец,доколку вперите пиштол во лице
на една жена, вие сте особа со низок карактер“ напиша 33 годишниот Маркизио на
социјалните мрежи.
„Доколку сите
можете да направите вакво нешто е како идиотска шега, во тој случај вие сте
тажна вреќа, а до сите останати, благодарност од се’ срце поради поддршката“ заклучи Италијанецот.