Според „Марка“ тајната за успехот на Кристијано Роналдо е барем еден месец да има одмор по последниот натпревар од сезоната.
Португалија ќе игра во Купот на Конфедерациите, и доколку стигне до финалето последниот натпревар на Кристијано Роналдо ќе биде на 2. јули.
Поради тоа, весникот прогнозира дека Роналдо ќе ги пропушти подготовките на Реал Мадрид во САД и ќе почне да тренира на 2. август.
И покрај тоа што дуелот од Суперкупот на УЕФА за него би бил посебно емотивен поради тоа што ќе игра против неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед, „Марка“ смета дека и 8. август е прерано за негов прв меч, па ќе го пропушти и него.
Прогнозите велат дека прв натпревар на Роналдо во новата сезона ќе биде Суперкупот на Шпанија против Барселона.
Но, ова е само мислење на шпанскиот весник , што не значи дека Роналдо сигурно нема да истрча на „Филип Втори“ Арената во Скопје.