Марка прашува: Дали Енис Барди е новиот Милинко Пантиќ? (ФОТО)

by
2 минути читање

Тешко дека некој очекуваше Леванте да тргне толку добро
во новата сезона од Примера, засега тимот од Валенсија по пет одиграни
натпревари е без пораз во елитното друштво на Шпанија, а немаше наивни
пресметки воопшто.

Но, она што нам не радува е брзата адаптација во тимот на
22 годишниот македонски интернационалец Енис Барди, кој ова лето пристигна во
Леванте за сума од 1.5 милиони евра, а го напушти унгарски Ујпешт.

Барди веќе постигна три погодоци во досегашните четири
настапи за Леванте, стана играч број еден на тимот на Хуан Муњиз а тоа беше
доволно за тамошните популарни медиуми да ја земат работата во свои раце и да
се распишуваат за големата сензација во тимот од Валенсија.


Шпанска „Марка“ денес излезе со специјализирано издание
посветено на македонскиот фудбалер, а истиот медиум во насловот запраша
: Дали Енис Барди
е новиот Милинко Пантиќ?
“.

Специјалноста на нашиот фудбалер се слободните удари,
тука нема никакви дилеми, тој веќе го докажа тоа и во Шпанија, а сега доби и
споредба со поранешниот репрезентативец на Југославија и поранешен фудбалер на
Атлетико Мадрид (1995/98), Пантиќ, кој на 107 настапи забележа 18 погодоци.

 

Извор/Фото-вест: marca.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани