Марка: Погба ќе го примени „планот Азар“ за да потпише со Реал Мадрид

by
1 минути читање

Французинот е на
врвот на листата со желби на Зинедин Зидан и се верува дека тој е последното
парче од сложувалката на стратегот за реконструкцијата што ова лето се прави на
„Сантијаго Бернабеу“.

И покрај тоа што
Пол Погба преку својот агент Мино Рајола стави јасно до знаење дека сака да
замине од Олд Трафорд, Манчестер јунајтед одби лесно да се раздели со
фудбалерот и постави висока цена од преку 170 милиони евра (според некои
извештаи бројката е 200 милиони евра).

На четири дена
пред крајот на преодниот рок, тешко е да се замисли дека ќе има некаков
компромис, па Марка денеска пренесе дека Пол Погба ќе го примени „планот Азар“
за да потпише со Реал Мадрид.

Белгиецот
минатото лето беше желба на „кралевите“, но тогаш Челси не сакаше да слушне за
разделба со својота прва ѕвезда. Сепак ова лето „сините“ не можеа да сторат
ништо откако самиот Еден Азар одби да ја продолжи верноста и Марина Грановскаја
даде зелено светло за зделка од 100 милиони евра, која со бонуси може да скокне
и до 150 милиони евра.

Марка вели дека
Мино Рајола ги известил лидерите на Манчестер јунајтед дека Пол Погба
нема да го проодлжи договорот кој истекува во 2021, па клубот од Олд Трафорд нема
да биде во толку силна позиција како сега.

Но и „ѓаволите“
имаат свои адут, со оглед на тоа дека Пол Погба стави потпис на петгодишен
договор со опција за уште една додатна. Манчестер јунајтед често ја вметнува
оваа клаузула во договорите на фудбалерите, и кон крајот на минатата година ја
активираа оваа опција за автоматски да ја продолжена соработката со Давид Де
Хеа за додатни 12 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×