„Марка“ пласира бомба: Реал Мадрид во наредните денови ќе го потврди Азар како ново засилување!

by
1 минути читање

Веќе долго време се шпекулира со трансфер на Азар во Реал Мадрид, а тоа наскоро и ќе се реализира според пишувањата на „Марка“.

Азар е под лупата на Зидан уште кога Французинот му беше советник на Флорентино Перез. Еден уште играше за Лил кога Зизу му го препорачал на Перез, а тој тогаш му рекол: „Кога ќе биде еден од најдобрите во светот, тогаш ќе биде играч на Реал Мадрид“.

Тоа време дојде, Азар важи за еден од најдобрите во светот, и од следната сезона ќе го носи белиот дрес на Реал Мадрид.

Останува да се види само дали како што пишува „Марка“ во наредните денови трансферот и официјално ќе биде потврден, или двата клуба ќе почекаат сезоната да заврши.

Азар има уште една година од договорот со Челси, па сините за да заработат мора да го продадат во престојното лето. Се шпекулира дека Реал Мадрид ќе го плати Белгиецот околу 100 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×