„Марка“ пишува: Вистината за Нејмар и Реал Мадрид

by
2 минути читање

Пред да се здобие
со нова повреда во текот на интернационалната пауза, Нејмар тврдеше дека
повторно е среќен во тимот на ПСЖ, иако претходно не криеше дека сакал враќање
во Примера изминатиот летен преоден рок.

Во август
Бразилецот на големо се поврзуваше со Реал Мадрид, како и потенцијално враќање
во тимот на Барселона, а „Марка“ во својата статија насловена „Вистината за
Нејмар и Реал Мадрид“ пишува дека се
до 20. август Нејмар сакал да се пресели во тимот на Реал Мадрид.

Во тие моменти,
кога клубот се повлече од наддавањето, тој погледна кон Барселона и го ислуша
својот пријател Лионел Меси, кој не сакаше да го види во дресот на Реал Мадрид

пишува „Марка“.

Шпанскиот весник
меѓу другото додава дека враќање во Барселона никогаш не било реална опција, и
покрај тоа што Бразилецот наводно сакал да плати 20 милиони евра од свој џеб за
да помогне во евентуалната реализација на трансферот во Барселона.

Седо таа седмица во август, Нејмар направил
максимум од своите можности за да потпише за Реал Мадрид, а имал комуникација и
со четворица фудбалери на „Кралскиот клуб“ за да им посочи колку е голема
желбата кај него за тој трансфер да се реализира.

Првиот е Серхио
Рамос, кој јавно упати пофалби за квалитетот со кој располага Нејмар, изјава на
која се придадоа и сонародниците на Нејмар, Марсело и Касемиро, како и Лука
Модриќ.

Пораката во тие
конверзации била јасна, а желбата кај Нејмар да се пресели во Реал Мадрид,
односно да го напушти ПСЖ била очигледна, откако тој самиот потврди дека сака
да си замине од француската престолнина.

Во меѓувреме, „Марка“
пишува дека во Реал Мадрид целосно ја анализирале ситуацијата и увиделе дали
има можни опции за да се реализира тој трансфер, и тоа со знаење на спортскиот
директор на ПСЖ, Леонардо.

Првиот човек на „Кралевите“,
Флорентино Перез имал сомнежи околу целиот процес за Нејмар, меѓутоа не се
сомневал во квалитетот со кој располага Бразилецот, иако знаел дека
потенцијалниот трансфер би чинел над 200 милиони евра.

На крајот, ниту
Герет Бејл, ниту Хамес Родригез си заминаа од Реал Мадрид, а пристигнувањето на
Нејмар стана речиси невозможно во една таква ситуација, а конечната одлука во
однос на оваа тема паднала на 20. август, кога Реал Мадрид му потврдил на ПСЖ
дека нема да испратат понуда, веднаш потоа Нејмар имаше некакви обиди за да се
врати во Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×