130
Лука Модриќ нема
да замине од Сантијаго Бернабеу според тврдењата на шпанските медиуми.
Откако АС најави
дека Хрватот останува, вечерва се огласи и вториот мадридски весник близок до
„Кралевите“.
Марка пренесе
дека фудбалерот од средниот ред ќе стави потпис на нов договор со Реал Мадрид
и ќе заработува исто колку и капитенот Серхио Рамос, односно ќе има плата од 10
милиони евра по сезона, исто колку што му нуди и Интер.