Марка: Јунајтед и Солскјер знаат што сака Погба, чекаат да видат кој од Реал ќе се фати на јадицата

by
1 минути читање

По шпекулациите
на медиумите од Шпанија дека Пол Погба е една од желбите на Зинедин Зидан и
отвореното флертување помеѓу фудбалерот на Манчестер јунајтед и тренерот на
Реал, Оле Гунар Солскјер порача дека Французинот е дел од неговите планови и
столб околу кој ќе се гради новиот проект.

Но според
денешното издание на Марка, лидерите на Манчестер јунајтед знаат за желбата на
Пол Погба да се пресели во Мадрид. Весникот вели дека и Норвежанецот е свесен
дека играчот веќе решил да замине од Олд Трафорд, и дека тие ќе немаат друг
избор освен да седнат да ги слушнат сите понуди кои ќе пристигнат.

Па пораките кои
ги испраќаат „ѓаволите“ се само тактизирање за да се издејствува што е можно
подобра зделка. Солскјер нема ништо против Пол Погба да се пресели на Бернабеу
доколку за возврат добие еден или двајца играчи. Манчестер јунајтед чека да види кој од Реал ќе се фати на јадицата, а преферирани желби се Рафаел
Варан и Герет Бејл.

Марка исто така
додава дека Пол Погба на својот агент и човек од доверба, Мино Рајола веќе му
дал наредба да ги испегла сите недоразбирања кои ги има со Флорентино Перез, со
цел лошиот однос помеѓу двете страни да не биде пречка за трансфер од сонишата
во Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×