77
Автобусот на
Борусија Дортмунд вчера беше мета на три експлозии на пат од хотелот до Сигнал
Идуна Парк за дуелот со Монако во Лигата на Шампионите.
Марк Бартра е
единствениот играч кој заработи повреда, дефанзивецот има фрактура на зглобот и
исекотини на раката, и вчера вечерта беше опериран.
Шпанецот
попладнево се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за поддршката која
ја добил.
„Здраво на сите!
Како што можете да видите, се чуствувам многу подобро!” – напиша Марк Бартра на Инстаграм.
„Ви благодарам на
сите за пораките и поддршката!“