Марјанчо Андрески е нов тренер на Работнички

by
1 минути читање

Работнички е на последното место на табелата во Првата македонска лига, Александар Влахо си поднесе оставка, а раководството на клубот одлучи Мајанчо Андрески да биде негов наследник.

„Марјанчо Андрески, долгогодишниот капитен на Работнички, кој досега работеше во младинската школа на клубот, а има искуство и како асистент во сениорскиот погон, ја доби довербата на раководството на клубот да го предводи тимот до крајот на сезоната. Тој доаѓа на местото на Александар Влахо, кој понуди оставка по слабите резултати во првите десет кола и несоодветната позиција на табелата. Андрески денеска веќе го одработи првиот тренинг со сениорскиот тим, побара од фудбалерите максимално залагање и професионален однос со кој ќе биде надминат овој кризен период, со цел Работнички брзо да се врати на позициите кои ги посакува во македонскиот клупски фудбал“, стои во соопштението на Работнички.

Андревски ќе дебитира во среда кога Работнички му гостува на Шкупи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×