469
Грчкиот второлигаш Кавала го промовира Марјан Ристовски кој првпат ќе заигра фудбал надвор од Македонија.
28-годишниот крилен фудбалер се раздели со Брера која е во финансиски проблеми. Ристовски се реши за интернационален предизвик и ќе заигра во Втората лига на соседна Грција.
Кавала котира очајно во Втора лига – север, бидејќи има само седум бода по 13 кола и се наоѓа на последното место на табелата.
Инаку, Ристовски во својата кариера настапуваше за Кожув, Тиквеш, Брера, Борец, Работнички, Силекс и Вардар