Марио Наумоски ја засили Беласица

by riste
1 минути читање

Беласица промовираше ново засилување за новата сезона, се работи за Марио Наумоски кој во струмичкиот тим доаѓа од Македонија Ѓорче Петров.

„Во пресрет на новата сезона нашата екипа се засили со квалитетен играч со прволигашко искуство.
Марио Наумоски (2000) е играч од средината на теренот и ќе претставува огромно освежување во нашиот ростер и ќе внесе дополнителен квалитет во средниот ред на нашиот тим.
Тој ни доаѓа од екипата на Македонија ЃП ,а претходно беше дел и од повеќе наши прволигашки екипи.
Му посакуваме добредојде и успешна сезона во плаво – белиот дрес“,
стои во соопштението на Беласица.

Покрај Македонија Ѓорче Петров, Наумоски кој следниот месец ќе наполни 25 години играше и во Пелистер, Победа и Брегалница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×