Марио Балотели има нов клуб, ќе игра во Дубаи

by 24 фудбал
1 минути читање

Марио Балотели пронајде нов предизвик во кариерата, откако по неуспешната епизода во Џенова реши да се пресели во Обединетите Арапски Емирати.

Контроверзниот италијански напаѓач потпиша договор со второлигашот Ал Итифак како слободен играч, по раскинот на соработката со Џенова минатото лето. Неговото враќање во Серија А не траеше долго и не ги исполни очекувањата, па брзо стави крај на престојот во еден од најстарите италијански клубови.

Ал Итифак во моментов се наоѓа на дното на табелата во втората лига на ОАЕ со само шест бодови од 11 натпревари и постигнати шест гола, а во клубот се надеваат дека Балотели ќе донесе поголема ефикасност во нападот.

Договорот е потпишан до крајот на сезоната, а ова е веќе 15. клуб во професионалната кариера на италијанскиот напаѓач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×