Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели, како што стојат работите, ја продолжува својата кариера со нов ангажман, кој воедно ќе биде и 13-ти клуб во кој ќе настапува.
По епизодата во Џенова, Балотели, според информациите на „Скај Италија“, кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија, каде што ќе го носи дресот на Ал Етифак.
Периодот поминат во Џенова не беше успешен за искусниот напаѓач и остана во сенка на конфликтот со тренерот Патрик Виера, поради кој Балотели не добиваше минути на теренот и предвреме ја заврши соработката со клубот. Во изминатите месеци тој беше поврзуван со неколку италијански екипи од Серија А и Серија Б, но враќање во татковината сепак не се реализираше.
Како што пренесува добро информираниот Џанлука Ди Марцио, Балотели постигнал договор со Ал Етифак за соработка до 2028 година.
Во текот на кариерата Балотели настапуваше за бројни клубови како: Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор и Сион