Марез на „стенд бај“, постои само една причина Арсенал да се врати на преговорите со Лестер

by
2 минути читање

Алжирецот кој
минатата година беше прогласен за фудбалер на годината во Англија, има
нескриена желба да го напушти Лестер ова лето.

Познато е дека
англиските медиуми пред извесен период пишуваа дека Марез со доза негативност го прифатил одолговлекувањето на Барселона за најавениот трансфер во Шпанија,
па тој си стави други приоритети во плановите.

26 годишниот
офанзивец ги насочи мислите кон Арсенал, но тимот од Лондон пак го
официјализираше трансферот на Александре Лаказет, па останува отворено
прашањето колку Арсенал е подготвен да оди до крај во преговорите со Лестер.

Преговорите помеѓу
Лестер и Арсенал застанаа во место откако неговиот клуб ја одби понудата вредна
35 милиони фунти од Арсенал, и постави услов кој се чини дека Марез го
оддалечува од Лондон – 50 милиони фунти.

Арсенал јасно
стави дознаење дека нема намера да плати повеќе од 35 милиони фунти за
Алжирецот.

Ситуацијата со Томас Лемар може да го предомисли Арсенал


Тоа што Арсенал може да се врати на
преговори со Лестер околу трансферот на Марез, е фактот што Монако бара
неверојатни 80 милиони фунти за Томас Лемар, една од поголемите желби на Арсен
Венгер ова лето.

Последната понуда
која Арсенал ја испрати до Монако, за која денес известија повеќето медиуми на
Островот, изнесува 40 милиони фунти, што е двојно помала од онаа која ја бара
францускиот шампион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани