Марез има понуди од Челси и Арсенал, но го чека неговиот омилен тим од Шпанија

by
1 минути читање

Алжирецот минатиот месец соопшти дека заминува од Лестер во летниот преоден рок.

За Ријад Марез заинтересирани се неколку клубови, се верува дека играчот има понуди од Челси и Арсенал.

Фудбалерот е желба и на Барселона, и според пишувањата на Спорт, „Каталонците“ оствариле контакт со агентите на Ријад Марез.

Весникот пренесува дека Барса побарала од играчот да почека малку, со оглед на тоа дека приоритет на клубот од Камп Ноу е ангажман на нов десен бек и фудбалер од средниот ред.

Ријад Марез сака да игра во Шпанија и Барселона е еден од неговите омилени клубови, па се сложил да им излезе во пресерт на „Каталонците“ и да не брза со одлуката.

Медиумите од „Островото“ споменуваат бројката од 40 милиони евра, но според Спорт, Барса е убедена дека може ад го купи Алжирецот за пониска сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани