Мареска со провокација до Јунајтед пред дербито: Преферирам да играм ЛШ наместо да одмарам

by bojan
1 минути читање

Енцо Мареска испрати провокација до Манчестер јунајтед во пресрет на утрешното дерби на Олд Трафорд, вели дека преферира во вторник-среда да игра Лига на шампиони, наместо да одмара.

Утре на програмата во Англија е 5. коло во Премиерлигата, а една од дерби пресметките е дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Челси.

На денешната средба со новинарите, на Енцо Мареска му беше посочено дека „ѓаволите“ имаат одредена предност со оглед на тоа дека одмараа изминативе денови, а „сините“ имаа тешко гостување во Минхен во Лигата на шампиони.

„Ако ме прашувате мене, преферирам да играм во Лигата на шампиони наместо да одмара, без сомнеж“ – вели тренерот на Челси.

„Да, точно е дека тие имаа цела недела да се подготват, а ние игравме натпревар пред 48 часа“.

„Но ќе повторам, преферирам да играм во Лигата на шампиони наместо да одмарам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×