Мареска го посочи најголемиот проблем на Челси по тешкиот пораз од Селтик

by bojan
1 минути читање
Енцо Мареска

Тренерот на Челси, Енцо Мареска вели дека фудбалерите се збунети и не можат да ги применат неговите тактички замисли отако „сините“ потфрлија и на вториот подготвителен натпревар во САД.

По ремито против Врексам, Челси синоќа доживеа тежок пораз од Селтик и загуби со 4-1.

Тренерот Енцо Мареска вели дека главаен проблем во моментов е тоа што фудбалерите се збунети и не можат да ги применат неговите тактички замисли.

„Треба да подобриме многу работи во играта кога го немаме поседот. Денеска бевме особено лоши кога не вршевме притисок, а стоевме високо. Се знае, кога не притискате, треба да се повлечете“ – вели Енцо Мареска.

„Фудбалерите се збунети, но ова е нормално, пробуваме некои нови работи“.

„Но со секој одигран натпревар, со секој одработен тренинг, ќе бележиме прогрес“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани