Марадона: Срамота, Сампаоли не треба да се враќа во Аргентина!

by
1 минути читање

Аргентина одигра лош натпревар против Исланд, не успеа да победи, дуелот заврши 1-1, а Меси промаши пенал.

Сампаоли на клупата го остави Дибала, а само десет минути му даде шанса на Игуаин, па голем број од критиките се на адреса на селекторот. 

„Ми се чини дека владее бес во срцето на тимот. Ова е срамота! Не бевме подготвени за натпреварот. Сампаоли не мора ни да се враќа во Аргентина ако продолжиме вака да играме“, вели Марадона.

„Не ги обвинувам играчите. Можам да го обвинам слабото темпо на работа, но не можам да ги обвинувам играчите. Уште помалку можам да го обвинувам Меси кој даде се од себе“.

„И јас сум промашил пет пенали, па и покрај тоа бев Диего Армандо Марадона. Не мислам дека поради промашувањето на пеналот на Меси останавме без два бода“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани