Марадона секој месец трошел 10 милиони… за да издржува 50 семејства

by
1 минути читање

По смртта на
Диего Марадона, имаше многу стории за тоа колку Аргентинецот заработил (некои
шпекулираа со сум од 500 милиони долари) и колку пари оставил во наследство (одредени
извори велеа дека нема ништо, додека пак други пишуваа за богагство од 75
милиони долари).

Распределбата на
богатството на Диего Марадона нема да оди лесно, судскиот процес сигурно ќе трае
со години, па новинарот Хорхе Риал реши да отвори една тема.

Тој откри дека
Диего Марадона секој месец трошел 10 милиони аргентински пезоси (околу 100.000
евра), пари со кои издржувал 50 семејства, неговите сметки сега се блокирани од властите,
па овие семејства ќе останат без приходот.

„Десeт милиони“
вели Хорхе Риал. „Не изгледа многу бидејќи зборуваме за Диего но… дали знаете
што е оваа сума? Плус-минус некој пезос,ова се фиксните трошоци на Марадона
секој месец“.

„Секој месец од
сметката на Диего беа повлекувани овие пари. Неколку пати има кажно, „Хранам 50
семејства, издржувам 50 семејства“. Се работи за луѓе од придружбата, пријатели
,
вработени“.

„Зошто ова е
важно? Бидејќи сметките на Диего сега се блокирани, па кој ќе плаќа 10 милиони
за издржување на овие семејства? Некој мора да плаќа!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани