460
Марадона е во центарот на вниманието кога игра Аргентина, тој лудува на трибините и со многу емоции навива за својата земја.
Излегоа многу видеа и слики од кои се гледа дека Марадона е во полусвесна состојба. А руските медиуми јавија дека тој завршил и во болница.
„Сакам да порачам дека сум добро. Не сум во болница и не сум ни бил. Во текот на мечот со Нигерија го повредив вратот и претрпев декомпензација. Докторот ме прегледа и ме советуваше да се вратам дома пред почетокот на второто полувреме, но сакав да останам бидејќи тоа беше одлучувачки натпревар. Како би можел да си одам? Бакнежи за сите, и благодарам за поддршката“, напиша Марадона.