Марадона починал во долга агонија, откриени детали од аутопсијата

by
1 минути читање

Диего Марадона
пред речиси еден месец почина како резултат на срцев удар, а сега пристигнуваат
привите извештаи од аутопсијата.

Медиумите
пренесуваат дека легендата на Аргентина починал во агонија која траела помеѓу 6
и 8 часа.

Тој имал сериозни
проблеми со срцето, црниот дроб и бубрезите. „Неговото тело било на лимитот, би
рекол и преку лимитот“
– вели доктор кој имал прилика да го погледне
извештајот.

Во неговата крв и
урина немало траги на алкохол и наркотични дроги, но имало неколку психотропни
супстаници, од кои една предизвикувала аритмија на срцето и не се препорачувала
на пациенти кои имаат срцеви проблеми. Исто така, немало никакви траги од
лековите кои требал да ги зема.

Неговото срце
тежело 503 грама, речиси двојно повеќе од нормалното.

За смртта на
Диего Марадона се води истрага, прв во фокусот е докторот кој ја изврши
операцијата на главата, Леополдо Луке.

Во следните недели
ќе биде составен лекарски колегиум кој ќе спроведе детална анализа и ќе треба
да одлучи дали смртта можела да се избегне, дали имало медицинска небрежност и
дали професионалците кои го третирале Диего Марадона се одговорни за смртта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани