Марадона ќе навива против Меси: Се надевам нема да има добар натпревар

by
1 минути читање

Вечерва Наполи на
домашен терен го пречекува тимот на Барселона во првата пресметка помеѓу обете
екипи во рамките на осминафиналната рунда од Лигата на шампионите.

Мечот во Неапол
освен што нуди две квалитетни екипи кои ќе се судрат на теренот, секако буди и
голем интерес кај фудбалската јавност поради историјатот на легендарниот Диего
Марадона, кој најубавиот и најуспешен дел од неговата кариера го мина во дресот
на Наполи, а беше и член на Барселона.

Аргентинската
фудбалска легенда вечерва ќе навива за Наполи секако, а изрази надеж дека
неговиот сонародник од составот на Барселона, Лионел Меси нема да има добар меч
во Италија.

Мечот против
Барселона ќе биде мошне тежок, но, во фудбалот предвидувањата не секогаш се
остваруваат онака како што сите очекуваат, така, јас се надевам дека Наполи ќе
биде едно големо изненадување и ќе ги направи своите навивачи среќни
“ вели
Марадона.

Се надевам дека
Меси нема да има добар меч во Неапол
“ додаде тој, а во изјавата наведе дека
Барселона е природниот дом на Меси, додавајќи дека освен што почнал таму, во
истиот клуб ќе ја заврши и кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×