Диего Марадона ќе
го спасува својот сонародник Лео Меси од максималната казна од четири
натпревари добиена за навреда на помошникот на дуелот помеѓу Аргентина и Чиле
одигран минатата недела.
„Ќе разговарам со
Џани Инфантино” – вели Марадона
во разговор со Ла Орал Депортива.
„Одлуката е
страшна. Четири натпревари суспензија е многу, иако зборовите беа тешки. Се
надевам дека одлуката ќе биде променета”.
„Лео е одличен
дечко, никогаш не се жали за ништо. Со соиграчите тој е како плишано мече, па
ме изненади неговата реакција. Навредите беа инстиктивен акт”.
На социјалните
мрежи се појавија стории дека токму Диего Марадона стои зад ваквата драконска
казна, но легендата го негира ова уште еднаш.
„Се колнам во
господ, немам никаква врска. Ме боли кога луѓето велат дека јас сум имал
влијание за суспензијата на Меси”.