Марадона е хоспитализиран, но не поради ковид-19

by
1 минути читање

Марадона неодамна го прослави својот 60ти родеден, а сега е во болница. Неговиот личен лекар, Леополд Луке вели дека психолошката состојба не му е добра, а тоа има влијание и на визичката состојба.

„Марадона не се чувствува психички најдобро, а тоа има влијание врз неговата физичка состојба. Не е добар колку што може да биде. Во моментов му е потребна помош. Доѓањето во болницата треба да му помогне, не е лесно да се биде Марадона“, вели неговиот доктор Луке кој најпрво потврди дека не се работи за коронавирус.

Во аргентинските медиуми се пишува дека поради лошата психолошка состојба, Марадона одбивал храна во изминатите денови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани