Во последниот
натпревар од 28. коло во Примера, Барса пред своите фанови ја победи Валенсија
со 4-2.
Лео Меси со два
погодоци ги предводеше „Каталонците“ до нов триумф, а Елиаким Мангала беше
трагичарот во гостинската екипа.
Французинот во
29. минута ја донесе Валенсија во водство од 0-1, но потоа направи глупост кон
финишот на првиот дел.
Откако Луис
Суарез изедначи во 35. минута и Барса притискаше за нов гол и водство, Мангала
најпрво лошо процени една топка, а потоа реагираше аматерски и го повлече Луис
Суарез за дрес од зад грб.
Па не само што
судијата покажа на белата точка, туку и го исклучи дефанзивецот.
Лео Меси од пенал донесе водство од 2-1, но радоста на Барса траеше кратко. Само што тргнаа од
центар, гостите преку Ел Хадади изедначија на 2-2.
Сепак, со играч
повеќе во вториот дел избраниците на Енрике за кратко време одново поведоа. На
асистенција на Маскерано, Меси погоди за 3-2.
Сите дилеми околу
победникот ги разреши Андре Гомеш со гол во завршните мигови за 4-2.