Маневски се врати во Победа

by
1 минути читање

Искусниот офанзивен фудбалер, Борче Маневски по трет пат ќе го облече дресот на Победа откако денеска стави потпис на едногодишен договор со клубот.

„Среќен сум што по 10 години се враќам во Победа, клуб кој ми овозможи развој на кариерата и клуб во кој имав одлична соработка со челните чуѓе и посебен однос со навивачката група ,,Мајмуни“. Се надевам на успешна сезона“ – изјави Маневски за официјалниот сајт на Победа.

Маневски го носеше дресот на Победа во два наврати сезоните 2004/2005 и 2006/2007, во втората шампионска генерација. Во двете сезони одигра 48 натпревари и постигна 12 гола. Интересно е што по 10 години повторно напаѓачкиот тандем ќе го сочинуват Гешоски-Маневски. Во Победа дојде од Пелистер, потоа направи трансфер во полска Лечна, а во кариерата настапувал за Работнички, Вардар, Милано, Банат Зрењанин, Чаинат (Тајланд), а последни негови клубови се од Малта-Балзан и Пемброке Атлета.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани