Маневски: Мора претпазливост, да не ја потцениме Ла Фиорита

by 24 фудбал
1 минути читање

Михаил Маневски го најави реванш дуелот на Вардар против Ла Фиорита во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Бекот нагласи дека нема опуштање, скопскиот тим мора да биде сконцентриран и да го затвори двомечот во своја корист.

Веќе неколку денови сме во Италија и атмосферата е добра. Подобро го познаваме противникот отколку на првиот натпревар и ќе влеземе во реваншот како да немаме предност. Мора да бидеме претпазливи бидејќи во првиот дел во Скопје имавме проблеми. Треба да дадеме свој максимум. Резултатот од Скопје треба да ни овозможи полесен резултат, ама не смееме да го потцениме ривалот. Видовме дека имаат добра транзиција, брзи играчи во офанзивата и тоа е една од главните нивни предности“, изјави Маневски.

Дуелот во Сан Марино меѓу Вардар и Ла Фиорита е закажан за вечерва во 21:00 часот. Доколку го минат овој ривал избраниците на Гоце Седлоски одат на двомеч против Лозана од Швајцарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×