Манев: Пресреќен сум што ќе играм за Ријека, веќе ја знам хрватската лига

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската „колонија“ во Хрватска се зголеми, бидејќи нов член на Ријека е Јован Манев. Репрезентативниот стопер доаѓа во редовите на второпласираниот тим во тамошното првенство од Адана Демирспор.

Манев стави потпис на договор до јуни 2027 година, а на официјалната презентација имаше и своја изјава за јавноста.

Веќе играв во лигата, го знам квалитетот и со какви играчи располага хрватскиот фудбал. Кога заминав од Осијек, ја следев лигата често и знаев каков квалитет има Ријека. Знам какви се клупските цели и посветеноста кон помладите играчи. Пресреќен сум што ќе бидам дел од овој клуб, знам дека ќе дадам максимум за да биде добро за клубот, за мене и навивачите. Во ХНЛ дебитирав на гости кај Ријека, атмосферата ми остави фантастичен впечаток. Тоа е причина плус за мојот избор. Се надевам дека се ќе оди според планот.

Играњето во Осијек многу ми помогна, се надевам тоа ќе биде уште подобро и подобро. Секој меч ќе дадам свој максимум за овој клуб, навивачите и се да биде по планот. Ја следев Ријека и хрватската лига, знам дека конкуренцијата е голема. Нашата цел се надевам дека ќе биде првото место до крајот на сезоната“, изјави Манев.

Претходно во кариерата Јован Манев во ХНЛ настапуваше за екипата на Осијек, а освен за Адана во мак-фудбалот настапуваше за Брегалница и Осогово.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани