Садио Мане во подкастот на Рио Фердинанд вели дека немало ништо лошо во ривалството со Мо Салахд и се потсети на фамозната расправија против Барнли во 2019 година.
Ливерпул имаше страшно напаѓачко трио со Садио Мане, Мохамед Салах и Роберто Фирмино, но Сенегалецот и Египјанецот често знаеја да влезат во конфликт.
„Сите кажуваат дека имаше ривалство, но јас не гледам ништо лошо во тоа“ – вели Садио Мане во подкастот на Рио Фердинанд.
„Јас сум прилично повлечена личност, но добро се сложувам со сите во тимот. Мислам дека Мо е навистина прекрасно момче. Но на теренот се забележуваше: понекогаш ми ја додаваше топката, понекогаш не. Само Боби (Роберто Фирмино) делеше топки на двајцата“.
Тој потоа се потсети на мечот против Барнли, кога беснееше откако Мохамед Салах реши да шутира наместо да подава.
„Добро се сеќавам на тој натпревар. Бев навистина, навистина лут поради тоа што не ми ја додаде топката. Требаше да ми ја додаде топката“.
„Следниот ден дојде да ме види, сакаше да разговараме, но не знаеше како. Мислеше дека се уште сум му лут бидејќи претходната вечер не разговаравме“.
„Некако собра сила и ми рече, „Може да поразговараме?“ Му одговорив, „Океј, нема проблем, ајде“. И потоа ми објасни зошто решил да шутира наместо да подава“.
„Му објаснив дека не треба повеќе да се грижи, дека е готово и дека му бев лут бидејќи мислам дека со талентот кој го има, може далеку подобро да ми подава и асистира“.
„За мене не беше ништо лично. Тој само сака да даде гол, гол, гол. Му реков, „Мо, ако сакаш да бидеш најдобар стрелец, можам да ти помогнам, не ми пречи““.
ФОТО: X/Liverpool FC