Ливерпул го доби
ПСЖ на домашен терен совладувајќи го со 3-2, а оваа победа е од големо значење
за тимот на Клоп кој поради повреда на окото, под знак прашалник за настап беше
Роберто Фирмино.
Бразилецот имаше
незгодна повреда во дуелот со Алдервирелд чии прсти влегоа во неговото око во
рамките на дерби пресметката со Тотенхем изминатиот викенд, иако се најавуваше
дека синоќа ќе отсуствува, се случи спротивното, а дел од заслугата поради тоа
што Фирмино се врати оди на адреса на неговиот соиграч Мане.
„Мислам дека
Фирмино не му е потребно окото за да игра, тоа му го кажав, му испратив порака
во понеделникот ‘Боби, ајде,
потребен си ни’“ открива Мане
за пораката која му ја испратил на својот соиграч во пресрет на дуелот со ПСЖ.
„Вие сите ги
видовте неговите погодоци без да гледа кон противничките голови, со тоа јас
мислам дека не му е потребно неговото око за да игра, во пораката која му ја
испратив му реков ‘не ти е
потребно окото’“ додаде Мане.
И покрај тоа што
отсуствуваше на два тренинга пред ПСЖ, извесно е дека мотивационите пораки на
Мане вродиле со плот, па Фирмино се врати со погодок во победата од 3-2 против
францускиот првак.