Ѕвездата на Сенегал и херојот кој ја предводеше репрезентацијата до трофејот на Африканскиот куп на нации, Садио Мане е згрозен од одлуката да му се даде трофејот на Мароко.
Синоќа се случи скандалозна одлука кога Африканската фудбалска федерација реши да му го одземе трофејот на Сенегал и да му го даде на Мароко.
„Она што се случи отиде предалеку. Ова не е фудбалот за кој се бориме, ниту Африка во која веруваме.
Има премногу корупција во нашата игра и тоа ја убива страста на милиони навивачи низ целиот континент. Играчите даваат сè на теренот, но одлуките надвор од него одлучуваат натпревари и трофеи.
Длабоко сум разочаран не само за Сенегал, туку и за африканскиот фудбал како целина. Заслужуваме подобро. Навивачите заслужуваат праведност, транспарентност и почит“, напиша Мане на социјалните мрежи.