Мане на патерици, неговиот поглед доволно говори (ФОТО)

by
1 минути читање

Сонот на Садио
Мане за настап на мундијалот во Катар се сруши како кула од карти пред десетина
дена, откако на дуелот против Вердер Бремен заработи повреда.

Во прв момент се чинеше дека повредата не е сериозна, но тестови кои беа направени следниот ден ги
вклучија алармите и под голем знак прашалник го донесоа неговиот настап на
Светското првенство.

И покрај тоа, Сенгал реши да го вметне во составот, но како одминуваа
деновите стануваше јасно дека Садио Мане за жал ќе го пропушти најголемиот
фудбалски настан.

Напаѓачот оваа
недела дефинтивно отпадна од комбинација и се врати во Минхен, каде успешно беше опериран и сега го чека долга пауза, ќе
биде надвор од терените околу три месеци.

На социјаните
мрежи утрово се појави фотографија од Садио Мане на патерици, а неговиот поглед
доволно говори за емоциите кои ги искуси изминативе денови.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани