Мане ја обнови повредата

by
1 минути читање

Фудбалскиот Сојуз на
Сенегал објави дека фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане ја обновил повредата на
задната ложа, по што следи негово враќање во Ливерпул за натамошна
рехабилитација.

Напаѓачот на Ливерпул со
слични проблеми се соочуваше и минатиот месец за време на настапите на својата
репрезентација, по што паузираше еден месец.

Сенегал успеа да избори
место на Мундијалот во Русија кој се одржува идната година, без пораз заврши во
својата квалификациска група. 

Мане нема да биде во комбинација за утревечерниот меч против Јужна Африка, во последното коло, одигра 90 минути против истиот противник изминатиов викенд во гостинската победа од 0-2 за неговата селекција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани