Мане ја коментираше ситуацијата во Ливерпул

by
1 минути читање

Ѕвездата на
европскиот првак Ливерпул, Садио Мане ги коментираше последните случувања со „Редсите“
кои дефинитивно имаат голем пад во формата, а тоа не само што се одрази на
играта, истото се префрли и на резултатите.

Иако звучи чудно,
особено поради неверојатната низа победи претходно, Ливерпул во последните
четири меча има дури три порази во сите конкуренции, а онаа победа над Ватфорд
(3-2) на домашен терен беше извојувана со последниот атом од енергијата на
избраниците на Јирген Клоп.

Мане смета дека
ова е убав момент за Ливерпул да покаже дали е шампион, или не треба да има
таков статус, најавува враќање на „Редсите“ во старата препознатлива форма уште
во дуелот во сабота против Борнмут.

Јас сметам дека
во овој момент можете да бидете, а воедно и да не бидете шампион, голем
шампион, тоа нам ни се случи, но, не е прв пат, веројатно и нема да биде
последен
“ вели Мане.

Ние имаме нов
важен натпревар во сабота, против Борнмут, а потоа во среда против Атлетико
Мадрид, ќе бидеме подготвени во целост и ќе се вратиме повторно
“ додаде
Сенегалецот.

Сево ова се
случува во фудбалот, навикнавме, ние само треба да продолжиме со макотрпна
работа и да продолжиме напред доколку посакуваме да бидеме големи шампиони

заклучи тој.

Ливерпул
најпрво во сабота на домашен терен игра против Борнмут во рамките на 29 коло од
Премиерлигата, каде извесно е дека повеќе нема дилеми околу прашањето со
титулата сезонава, а во среда пред своја публика го игра реваншот против
Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако во првата
пресметка забележа минимален пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×