Мане е луксузна цел за Реал Мадрид, Сенегалецот би можел да ги следи стапките на Азар

by
2 минути читање

Сенегалецот
продолжува да се поврзува со трансфер во Кралскиот клуб, особено по враќањето
на Зинедин Зидан на клупата на шпанскиот гигант кој се чини дека ќе прави
притисок за неговиот потпис на лето.

Ливерпул се чини
дека ќе треба да се помири со тоа што би можел да остане без еден од најдобрите
поединци во тимот, Садио Мане, чија иднина се уште е неизвесна на Енфилд, а се

погласни се шпекулациите дека тој би
можел да заврши на Сантијаго Бернабеу на лето.

27 годишниот
офанзивец има топло-ладно форма оваа сезона, во првиот дел од истата мина во
сенка на Мохамед Салах, но во вториот и завршен дел од сезоната блесна,
оставајќи го во сенка Египјанецот, бележејќи бројка од веќе 17 погодоци
сезонава.

Неговата форма
изминатиов период повторно го привлече вниманието на Зинедин Зидан, кој беше
заинтересиран за Мане уште пред да си замине од шпанската престолнина, но, сега
Ел Конфиденсиал објаснува дека Сенегалецот би бил луксузна цел на Реал Мадрид
претстојното лето, наведувајќи дека Мане би можел да ги следи стапките на Еден
Азар за да дојде до договор.

Извесно е дека
Азар стави јасно дознаење на челниците на Челси дека не сака да остане на
Стемфорд Бриџ по истекот на неговиот договор на лето, а можно е Реал Мадрид да
побара од Мане да го стори истото, ако се земе во предвид дека неговиот договор
со Ливерпул истекува во 2023. година.

Каква улога има Ковачиќ во евентуалниот трансфер на Азар во Реал Мадрид

Веројатно Мане би
го чинел Реал Мадрид цели 150 милиони фунти, со оглед на неговиот долгогодишен
договор со Ливерпул, поефтина варијанта за Кралевите е секако Азар кого
планираат да го ангажираат за сума од 80 до 90 милиони фунти, а посебна улога
во преговорите за Белгиецот игра и Матео Ковачиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×