Манџукиќ со раскрварена глава се бореше до крај за Јувентус (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус славеше со 2-0 над Лацио во финалниот меч од Купот на Италија, со погодоците на Алвес и Бонучи.

Иако се шпекулираше
дека напаѓачот Марио Манџукиќ е повреден и неговиот настап во финалето од
Лигата на шампионите е под знак прашалник, сепак тој во синоќешниот меч истрча
на „Олимпико“, и уште еднаш ги воодушеви навивачите на Јувентус со својата
борбеност и пожртвуваност.

Во самиот финиш
на првиот дел Хрватот при еден воздушен дуел со Бастос ја
повреди аркадата, по што мораше да го напушти теренот поради раскрварена глава.

Во вториот дел
Манџукиќ се врати со фластер над левото око и продолжи со исто темпо
во играта, притоа го одигра целиот натпревар за својот тим.

Одреден период
италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус подготвува нов договор за својот
напаѓач, со повисока плата, па така наместо сегашните 3,5 тој би требало да
заработува 5 милиони евра по сезона.

Јувентус со синоќешната
победа го почна походот кон тројна круна, претстојниов викенд може да ја завери
титулата во калчолигата, додека на 3. јуни го играат големото финале од Лигата
на шампионите, каде за противник го имаат Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани