Манџукиќ прв проговори: Во Кардиф Бонучи го зграпчи Алвеш за врат, сакаше да го удри!

by
4 минути читање

Дани Алвеш и
Леонардо Бонучи ова лето го напуштиja Јувентус, а Марио Манџукиќ сега открива
зошто двајцата играчи повеќе не се дел од „Старата Дама“.

„Сакам да ги
разрешам сите дилеми за лошата атмосфера во соблекувалната на Јуве
– медиумите од Италија го цитираат Хрватот.

„Бонучи и Дани
Алвеш беа тие кои го креираа хаосот, и со нивната продажба, работите ќе се
вратат во нормала
.

„Тие се расправаа
во Кардиф бидејќи имаат сосема спротивни карактери
.

„Лео и Дани
постојано се расправаа, а на финалето од Лигата на шампионите гледавме само
една од многуте епизоди
.

„Кога влеговме во
соблекувалната, сите се однесуваа нормално и очекувавме Дани Алвеш да ја пушти
неговата вообичаенa Радио Парти Грув музика
.

„Но тој се
надмина самиот себе, во соблекувалната на цел глас ечеше Самба Де Жанеиро, како
да сакаше да ни ги дупне ушните тапанчиња
.

„Играше како да е
последен ден. Иако беше прилично глупво, сите го игнориравме
.

„Но Лео е
опседнат со Лигата на шампионите и тој не премолче
.

„Категорично му
порача на Дани дека ќе му ги скрши нозете доколу не ја исклучи музиката
.

„За кратко време
настана расправија и двајцата почнаа да си дофрлаат работи
.

„Дани Алвеш
истакна дека тој и да загуби во Кардиф, ќе има освоено три титули од Лигата на
шампионите, а Бонучи ниту една
.

„Во тој момент
сите останаа вџашени. И јас имам освоено Лига на шампиони, но никогаш не би се
осмелил да кажам нешто такво
.

„Никој не треба
да помислува на пораз
.

„Тогаш Лео го
зграпчи Дани за врат, сакаше да го удри, но Алегри ги раздели
.

„Тренерот им
порача дека не му е гајле кој прв почнал и порача дека двајцата ќе заминат
.

„Тоа беше
најпаметната одлука некогаш донесена. Сега групата одново ќе биде смирена и
обедината
.

Сепак, оваа
изјава треба да се земе со голема доза на резерва, големи се шансите изјавите
да не се вистинити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани