Марио Манџукиќ го
официјализираше трансферот од Јувентус во Ал-Духаил од Катар, а хрватскиот
напаѓач со тоа стави и крај на сите шпекулации кои го поврзуваа со преселба во
Манчестер јунајтед.
Новиот тренер на
„Старата дама“, Маурицио Сари со последните одлуки во составот на италијанскиот
првак јасно стави дознаење дека Хрватот е „вишок“ во таа екипа, а интерес за
него пријавуваше и Манчестер јунајтед.
Манџукиќ најпрво
беше „уловен“ во текот на вчерашниот ден во Катар, каде ги финализирал
последните подготовки за трансферот, по четирите години минати во дресот на
Јувентус.
Моментално,
екипата на Ал-Духаил е лидер во најсилниот фудбалски шампионат на Катар,
тренер на Хрватот ќе му биде
Португалецот Руи Филипе, поранешен асистент во Манчестер јунајтед, Челси, Реал
Мадрид, Интер, како и Порто.
Соиграч на
Манџукиќ во Ал-Духаил ќе му биде и Мехди Бенатија, 32 годишниот Мароканец со
кого заедно беа дел од составот на Јувентус.
OFFICIAL: Mario Mandzukic has signed the contract and will be officially announced as an Al Duhail player shortly. The Croatian moves from Juventus to join up with former team-mate Medhi Benatia.#Juventus #Italy #Qatar #Croatia #SerieA pic.twitter.com/DTo3nIHbXS
— Josh (@The_TopCorner) December 24, 2019