Португалија за
вечерашната пресметка ќе игра без Рони Лопес, кој поради повреда е вон
комбинација за настап, на спротивната страна многу промени во тимот предводен
од Роберто Манчини во однос на претходниот меч.
Манчини „пречрта“
неколку фудбалери од составот кој одигра 1-1 против Полска во воведното коло од
Лигата на наци, меѓу кои и Марио Балотели.
Иако од Италија
беше најавено дека Манчини ќе менува во формациската поставеност, па така, од
4-3-3, вечерва ќе игра со 4-4-2, од официјалните состави кои веќе се излезени
на УЕФА, сликата не е таква, но, за потврда, ќе сочекаме на тоа како сето тоа
би изгледало на теренот.
Само двајца „преживеаа“
во пречртувањето на претходно изведениот почетен состав од страна на Манчини, и тоа Донарума и Жоргињо.

Португалија (4-4-3):
Патрисио, Кансело, Пепе, Диас, Брума,
Андре Силва, Бернардо Силва, Невес, Карваљо, Руи и Пици.
Италија (4-4-3): Донарума, Кришито, Жоргињо,
Ромањоли, Заза, Бонавентура, Калдара, Киеса, Лацари, Имобиле и Кристанте.
Мечот во Лисабон
на кој домаќин ќе биде Португалија стартува со почеток од 20 часот и 45 минути.