Манчини: Сите мислат дека мечот со Македонија ни е веќе добиен, но ќе биде тешко

by
2 минути читање

Откако заврши на второто место во квалификациите, Италија ќе мора да помине два бараж дуели за да стигне до Светското првенство во Катар. Првата пречка им е Македонија.

„Можеби ние не требаше да бидеме тука, но знаеме дека во фудбалот има изненадувања и потешкотии. Имаме добар состав и размислуваме позитивно, дури не ни помислуваме на сценарио Б. Ги повикав тие што мислам дека можат да бидат најкорисни, има и некои кои нема да можат да настапат на првиот, но можеби ќе можат на вториот натпревар“, вели Мачини.

„За дуелот со Македонија сите мислат дека е веќе добиен, но ќе биде тешко, 90 минути се, и се може да се случи. Потоа ќе имаме четири дена да се подготвиме за вториот дуел“.

„Нашата цел е да го освоиме Светското првенство и за да го направиме тоа ќе треба прво да победиме на овие два натпревари. Сакаме да одиме на Мундијалот и да го освоиме, не ни требаат многу говори“.

„Секогаш било многу возбудливо да се игра во Палермо и мислам дека и сега ќе биде така. Уверен сум во победа бидејќи имаме добри фудбалери и добри професионалци кои го освоија Европското првенство кога никој не веруваше дека формираме еден исклучителен тим кој заслужено стана европски шампион. Тоа е солидна база која не ни гарантира пласман на Светското првенство, но е нешто важно“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани